13.8 C
Скопје
20:48 - 27 април, 2024

(ФОТО+ВИДЕО) КЕЈТ МИДЛТОН ВООДУШЕВИ СО СВОЈОТ ПРВ ЈАВЕН НАСТАП НА ПИЈАНО: Маѓичен Божикен концерт во Вестминстерската опатија

кејт мидлтон

Војвотката од Кембриџ го придружуваше пејачот Том Вокер на пијано како дел од божикниот концерт „Together At Christmas“ кој се емитуваше на католичкиот Бадник во Обединетото Кралство.

Кејт Мидлтон ја воодушеви нацијата со својот прв јавен настап на пијано, денес пишуваат британските медиуми.

„Без сомнение, тоа беше уникатно искуство во мојот живот“, рече Вокер за нивниот дует.

„Мислам дека изведбата беше прекрасна. Не е лесно да седите пред клавир со еден куп музичари со кои никогаш не сте свиреле, ниту пак сте снимале, во живо пред камера. Но, таа беше одлична“, рече Вокер, додавајќи дека Кејт Мидлтон е „слатка, љубезна и срдечна личност“.

„По настапот, таа одвои време лично да им се заблагодари на сите за можноста да свират заедно. Беше луд ден за мене, да бидам на толку убаво место, да свирам со војвотката и мојот бенд, гудачкиот квартет. Ден кој сигурно нема да го заборавам“, изјави Вокер за англиските медиуми по настапот.

Наводно, идејата за настапот била на самата војвотка од Кембриџ. Имено, уште како многу млада почнала да оди на часови по пијано. Кејт Мидлтон и Вокер настапија во Вестминстерската опатија пред 1.200 гости, внимателно избрани за празничниот настан за оние кои дале значителен придонес за нивните заедници и земјата, особено во овие тешки, пандемични месеци.

Светски познатиот хор на Вестминстерската опатија, исто така, се појави на ТВ шоуто на концертот „Together At Christmas“, заедно со поп-ѕвездите Леон Луис, Ели Гулдинг и Том Вокер, кои ја отпеаа неговата позната празнична песна „For Those Who Can’t Be Here“ во друштвото на војвотката.

Војвотката Кејт Мидлтон присуствуваше на настанот „Forward Trust“ во октомври, каде го запознала Вокер и го слушнала како ја изведува „Leave a Light On“, неговата позната песна за борбата против зависноста за сите оние кои западнале во такви проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Walker (@iamtomwalker)

Мидлтон потоа му предложила да свири со него на песната „For Those Who Can’t
Be Here“ за време на концертот „Together At Christmas“ во Вестминстерската
опатија.

Пред концертот, Кејт ѝ се обрати на публиката зборувајќи за важноста на музиката.

„Музиката ми беше исклучително важна за време на пандемијата. Бидејќи музиката ја слави добрата волја, добрите дела, љубовта, емпатијата и сочувството, ни помага да ги поминеме овие предизвикувачки времиња“, рече Мидлтон.

(ФОТО) КЕЈТ МИДЛТОН ЈА НАЛУТИ ЈАВНОСТА: Војвотката не треба да пропагира скромност

Покрај свирењето на клавир, Кејт своевремено учела и да свири на флејта, а како дете настапувала и со училишниот хор.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....