10:21 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Тамара Тодевска сподели симпатично видео од својот дом, на кое нејзиниот син Дарен свири на пијано и го покажува својот музички талент.
На видеото што го објави на Инстаграм, Дарен седи пред пијаното со слушалки на ушите и свири од ноти, додека ќерката Хана седи покрај него и го следи. Пејачката често споделува семејни моменти со своите деца, а овојпат покажа дека љубовта кон музиката е присутна и кај најмладиот член на семејството.


Тамара ги има Хана и Дарен од бракот со поранешниот сопруг, кошаркарот Александар Димитровски. И по разводот, пејачката често зборува за важноста на семејството и за љубовта кон децата.
Во едно од претходните интервјуа, Тамара зборуваше и за музичкиот талент на своите деца. Тогаш кажа дека Хана покажува голема љубов кон пеењето, додека Дарен бил премал за да се види дали ќе ги наследи музичките таленти на мајка му.
„Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли“, рече тогаш Тамара, а за Дарен кажа дека е многу посмирен од сестра му и дека допрва ќе се види кои таленти ги наследил.
Во поновото интервју за „Слободен печат“, Тамара раскажа колку мајчинството ја променило и што научила од Хана и Дарен.
„Ме научија да уживам во едноставните работи, во еден обичен ден, момент… дека не треба нешто големо да се случи за да се чувствуваме среќни. Ми донесоа спокој и мир што многу ми требаа“, рече Тамара и додаде дека ги учи децата да се поддржуваат, да споделуваат и да бидат свои.
Таа на 7 декември ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој ќе одбележи 25 години кариера и ќе го претстави новиот албум „Кукла жива“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....