10:09 - 7 ноември, 2026

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Песната „Селма“, еден од најголемите и најемотивните хитови во историјата на југословенскиот рок, крие вистинска и трогателна при приказна за невозвратена љубов. Авторот на стиховите, поетот Владо Дијак, ја посветил песната на девојката во која бил тајно заљубен — Селма Бориќ, која благодарение на овие редови засекогаш остана запишана во музичката историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Bebek (@zeljkobebek)

Нивната судбоносна средба се случила во далечната 1949 година, кога 19-годишната Селма, тогашна ученичка во Сараево, патувала со воз за родната Зеница. Владо Дијак се понудил да ѝ го понесе малиот, темноцрвен куфер до железничката станица и да ја испрати. Забележувајќи дека прозорецот до нејзиното седиште е скршен, при заминувањето ѝ ја упатил реченицата што подоцна стана култен стих: „Селма, не се наведнувај низ прозорецот“.

Иако бил вљубен во неа, Дијак никогаш не ѝ ги признал своите чувства, ниту пак некогаш се бакнале. Неговите емоции останале преточени само на хартија, а песната подоцна доби нов живот и безвременска популарност во изведба на „Бијело дугме“ и Жељко Бебек.

Селма со години не ни насетувала дека е инспирација за песна. Дури во 1962 година, кога татко ѝ ѝ испратил весник во кој била објавена песната, сфатила за што станува збор, а рок-верзијата првпат ја слушнала во 1975 година на концерт во загрепската сала „Ватрослав Лисински“.

Последните години од животот Селма Бориќ ги помина во Загреб, често зборувајќи за осаменоста во староста, а пејачот Жељко Бебек редовно ја посетуваше и ѝ ги разубавуваше пензионерските денови сè до нејзиното заминување.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....