10:21 - 7 ноември, 2026

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова сподели романтична фотографија со сопругот Александар Петровски, поранешен ракометар, со кого годинава одбележуваат 20 години брак.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм, Александар ја бакнува Кристина во образот, додека таа насмеана го прегрнува. Кристина со сликата ја сподели и песната „All My Love“ од групата „Колдплеј“.
Кристина и Александар се заедно уште од младоста, а во брак се од 2006 година. Нивната љубовна приказна трае повеќе од две децении, а од бракот ги имаат синовите Максим и Матео. Пред неколку месеци, таа сподели и стара, црно-бела фотографија со сопругот од времето кога биле млади, со која се потсети на почетоците на нивната љубов.
„Од кога сте заедно? Отсекогаш?!?“, напиша тогаш пејачката.


Неодамна, за роденденот на Александар, Кристина повторно јавно му ја искажа љубовта.
„Среќен роденден, љубов! Те сакам до ѕвездите и назад“, му порача таа, објавувајќи нивна заедничка фотографија.
Во интервју за „Слободен печат“, Арнаудова зборуваше за семејниот живот и за тоа како со сопругот ги воспитуваат синовите.
„Тие се прекрасни деца, како што би рекла секоја мајка за своите деца. Се трудиме секојдневно да ги учиме да бидат луѓе во вистинска смисла на зборот, со сите да се однесуваат еднакво, да бидат љубезни и културни, и да бидат свои. Не ги тераме ништо да прават со сила, но ако имаат желба, ние им помагаме и ги поттикнуваме“, рече Кристина.


Пејачката во истото интервју откри дека свесно ја ставила музичката кариера во втор план додека децата биле мали. Во периодот кога Александар бил ангажиран во ракометниот клуб „Металург“ и често патувал поради натпреварите во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, таа најголемиот дел од времето го поминувала со синовите.
„Сакав да сум присутна во секој момент во детството на моите деца, да не почувствуваат недостаток од мајка. Музиката бара отсуство, проби, настапи, свирење до доцна… Така сосема свесно ја ставив музиката во втор план. И не се каам во ниеден момент за тоа“, изјави Арнаудова.
Покрај музичката кариера, Арнаудова повеќе од една деценија е посветена на хуманитарната работа преку здружението „Проект среќа“, кое организира активности и поддршка за деца од социјално загрозени семејства.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....