14.8 C
Скопје
11:12 - 20 октомври, 2026

(Фото) Тори Спелинг го откри животот во приколка на четири тркала: „Додека се имаме еден со друг“

Глумицата Тори Спелинг неодамна ги наполни порталите и забавните рубрики на весниците поради нејзините финансиски проблеми што очигледно ја принудија да се пресели во приколка со нејзините пет деца.

Спелинг, ќерката на Кенди Спелинг и продуцентот од доцните 90-ти Арон Спелинг моментално е во Вентура Калифорнија.

Тори Спелинг беше дел од џет сетот на Лос Анџелес и Холивуд, по нејзиното учество во хит телевизиската серија од 90-тите „Беверли Хилс 90210“, а според ЕТ, не станува збор за обична туку луксузна приколка односно трајлер – возило чија вредност е околу 100.000 долари.

Извор за ЕТ објаснува дека глумицата морала да го напушти домот заедно со децата бидејќи „имаше некои проблеми со мувлата, а наоѓањето место за престој беше предизвик. Ѝ беше тешко да најде место за престој бидејќи нејзината финансиска состојба не е одлична“.

„Тори дава се од себе за да функционираат работите и се грижи за своите деца“, додава изворот.

Самата глумица вчера на Инстаграм сподели серија фотографии од нејзините деца, од местото каде што живеат, од грите на плажа, со порака „Додека се имаме еден со друг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

Тори всушност живее во луксузна подвижна приколка заедно со Лијам, Стела, Хети, Фин и Бо, и патува низ Калифорнија барајќи ги најдобрите места за да помине квалитетно време со децата што ги дели со поранешниот Дин МекДермот.

Кампинг возилото на Тори е од марката „Сансикер“ и има капацитет да собере 11 патници. Приколката располага со главна соба – која всушност е и спална, терпезарија со кујна, и тоалет, па изгледа како вистински мал дом на тркала.

Според извештаите, Спелинг неодамна била видена во кампот во Вентура додека ја поставувала каминг приколката, а по некое време била фотографирана како пријателски разговара со службеникот на паркот.

 

Слични објави

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.
Се вчитува....