16:15 - 8 ноември, 2026

(Фото) Тамара Тодевска со раскошно деколте на предевровизиска забава во Мадрид: Впечатлив моден избор на пејачката

Вчеравечер, Тамара Тодевска настапи пред евровизиските фанови на предевровизиска забава во Мадрид. Ги испеја нејзините евровизиски хитови „Прауд“, со која нè претставиуваше на Евросонг во 2019 година и со „Во име на љубовта“ со која во 2008 година настапи заедно со Адријан Гаџа и Врчак.

На црвениот тепих пред настанот, пејачката позираше во друштво на својот партнер, архитектот Лука Радовиќ. Потоа, ѝ се придружи и српската овогодишна претставничка на Евровизија, Теја Дора.

инстаграм

За оваа пригода, Тамара одбра секси модна комбинација – трендовски широки фармерки, црно, проѕирно боди врз кое носеше кратко сако со риги.

Изгледот го заокружи со црни сандали со високи потпетици, црвен лак на ноктите, елегантни обетки и дискретна шминка.

Фановите на пејачката се согласија дека особено во друштво на новата љубов, таа блеска.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....