13.8 C
Скопје
10:50 - 20 април, 2024

(Фото) Србинката Наташа го има најголемиот задник во светот, го одржува со пици и слатки, обожавателите ширум светот ѝ се восхитуваат, а таа си бара момче!

Дека понекогаш одредена опсесија навистина може да добие бизарни размери сведочи Наташа Краун, која се претставува како плус сајз модел и жена со најголем задник на светот. Еден поглед на нејзините фотографии е доволен за да сфатите дека не претерува кога си ја дала таа титула.

Наташа, која по потекло е од Србија, иако живее и работи во Гетеборг, е висока 178 сантиметри и тешка 135 килограми, а обемот на колкот и е неверојатни 182 сантиметри. Таа истакнува дека нејзин модел е Ким Кардашијан, а тврди дека го зголемува задникот за да се чувствува „секси и моќно“.

Внесува повеќе од 6.000 калории дневно за да ја зголеми својата телесна маса, деновите ги поминува конзумирајќи пици и слатки, а признава дека може да јаде повеќе од шест килограми чоколаден крем месечно. Но, пластичните операции секако се главниот виновник за нејзиниот монструозно голем задник.

„Мојата трансформација шокираше многу луѓе. Се здебелив многу, но треба да се здебелам уште 25 килограми. Тешко е да се одржи ова тело. Мора да јадете многу, околу 6.000 калории дневно и мора да вежбате многу“, рече своевремено.

Со естетски зафати започнала на 20 години, а колку се променила најдобро покажуваат нејзините стари фотографии – на кои сè уште била природна и изгледала нормално.

Денес Наташа заработува со продажба на фотографии и видеа од своето тело и задник на обожавателите ширум светот, а можеби звучи апсурдно, но таа всушност има бројни обожаватели. Само на Инстаграм ја следат повеќе од 2,1 милиони луѓе!

„Не мислев дека е можно да се заработи на овој начин, но сега гледам дека е можно. Со задникот кршев столици, кршев кревети, кршев луѓе. Секогаш бев поинаква“, вели Краунова.

Таа додаде дека мисли дека е позитивен пример, бидејќи тоа покажува дека има различни луѓе низ светот.

„Во Шведска жените мислат дека мора да изгледаат убаво, но мислам дека луѓето треба да видат како треба да изгледаат вистинските жени“, рече таа.

Инаку, таа со години беше русокоса, но неодамна се префрли во таборот на црнките и го промени имиџот – ги зголеми усните, направи нова трајна тетоважа на веѓи, а изгледа ги подигна и јаготките. Интересно е што таа ги избриша сите стари фотографии од социјалните мрежи, а сега ги има само оние со црна коса и „нов“ имиџ.

Покрај Инстаграм, оваа 30-годишна девојка отворила и профил на „ТикТок“, каде што е исто така многу популарна, а неодамна призна дека со години нема вистинско момче бидејќи „мажите се плашат од нејзината привлечна надворешност“.

Слични објави

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо
Се вчитува....