17:57 - 31 март, 2026

(Фото) Се смее и покрај сите маки кои ги преживеала: Блага Петреска во досега невидено издание

Фолк дамата Блага Петреска во мај месец рече дека за првпат на фолк фест Валандово пеела пред 40 години.

Таа тогаш ја испеала песната, „Раширило оро широко, по селските мегдани“, и рече дека по 40 години пее за празни села без мегдани, без младина, без деца, за места кај што нема кој да заигра оро и да се запее песна. Фолк легендата тогаш раскажа дека е многу тажна што е така.

Блага рече дека таа жали што нејзините внуци не се до неа, едната е во Германија, а другата е во Москва.

Но, таа е една весела и позитивна жена и плени со ведра дух, иако животот не ја галел. Таа млада останала без маж. И после многу години таа со болка раскажува за нејзиниот сопруг Павле.

„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет. Така и бидна“, раскажала Блага за „Свет Австралија“.

Една нејзина неодамнешна слика открива колку има живот во неа. На сликата, пејачката е без шминка, а во друштво со колегите Ани Малинкова и Ристо Лијаковски. На 78 години, Блага е пример за сила и позитивна енергија.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....