10:57 - 12 ноември, 2026

(Фото) Данијела Димитровска се збогува со Армани: Имав среќа да работам со него со години

Водителката и модел Данијела Димитровска упати емотивен поздрав до големиот моден визионер Џорџо Армани, кој почина на 91-годишна возраст и чие име засекогаш ќе остане во историјата на модата.

На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија на која позира со познатиот дизајнер, а покрај неа напиша:

– Имав среќа да работам со него со години. Учев, гледав, апсорбирав. Секогаш учтив, смирен, секогаш со стил. Џорџо Армани не само што ја обликуваше модата, туку и сите нас што работевме со него – напиша Даниела и додаде:

– Благодарна сум што имав можност да бидам дел од таа приказна. Почивај во мир.

Армани е запаметен како титан на италијанската мода, човекот кој го трансформираше оделото од строга деловна униформа во симбол на елеганција и самодоверба.

Неговата смрт затвора големо поглавје во светот на модата, но неговото влијание останува да ги обликува идните генерации.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....