17.8 C
Скопје
03:46 - 11 септември, 2026

Остана без својата љубов, но ова нешто ја врати во живот Евица, сопругата на Војо Стојаноски

Дамјан Стојаноски, младиoт и успешен македонски фолк пејач е син на легендата на македонската изворна песна, покојниот Војо Стојановски и новинарката Евица Камберова-Стојаноска.

Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога почина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“, вели Дамјан и додава:

„Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“,  открива тој.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата.

Дамјан Стојановски со татко му, Војо Фото/ Фејсбук

Кога во 2022 година, Дамјан го доби второто дете, неговата мајка на социјалните мрежи напиша: !„Денес станав баба на Јана. Војдан доби сестричка, а тато Дамјан и мама Ели, ќерка. Да ни е жива и здрава и многу да не радува“, напиша Евица на социјалните мрежи.

Таа му е голема поддршка на синот изгледа одлично, и по нејзиниот Фејсбук профил може да се забележи дека е убава и средена жена, особено на една од поновите слики покрај езеро, Евица покажува дека е жена која држи до себе.

Таа остана без својата голема љубов, (Војо Стојановски почина во 2014 година) но синот, снаата и внуците ѝ даваат смила за живот.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....