19.8 C
Скопје
13:00 - 27 април, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Здрав и вегански чизкејк од тиква по кој полуде целиот Инстаграм

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Кујната на „Cooking with Branko“ го сервираше вкусниот и здрав чизкејк со тиква кој стана вистински хит на Инстаграм. Доста необичен рецепт кој вклучува комбинација на маскарпоне и тиква. Тиквата е дефинитивно кралица на сите есенски јадења и непресушен извор за гурманите, а еве ја и во највкусниот есенски чизкејк.

„Чизкејк со тиква? Чизкејк со тиква и БЕЗ ШЕЌЕР? Посен чизкејк со тиква? Чизкеј со тиква кој не се пече? – Сакам! И јас сакам!“

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Пробајте го слаткото од црвена пиперка! 

фото: приватна архива

Состојки

За долниот дел:

  • 100гр. кокосово масло
  • 150гр. мелени бисквити без шеќер и млеко
  • Цимет и морско оревче
  • Мелени бадеми (100гр.)
  • 1 цеден портокал

За кремот:

  • 300гр. веганско маскарпоне
  • 1 мала печена тиква
  • 2 големи лажици мед/маџун
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 100мл. кокосово млеко
  • 50-80гр. мелени ореви

За декорација: Замрзнати малини и сок од роза

фото: приватна архива

Начин на подготовка

Во тенџере додадете ги состојките за подготовка на долниот дел од тортата. Формирајте смеса која ќе ја притиснете со рацете за киш тавчето за да се формира убава кора. Оставете ја смесата во фрижидер околу 10 минути.
Во длабок сад додадете го маскарпонето, печената тиква и почнете да матите со миксерот. Постепено додадете ги и останатите состојки. Ќе добиете хомогена смеса која пред да ја ставите врз кората, гледајте да биде стегната односно зацврстена.
Врз кремот од маскарпоне и тиква додадете малини (замрзнати) и капки сируп од роза.
Есен е, препуштете се на максимално задоволство и уживање со парче вкусна и здрава торта.

фото: приватна архива
фото: приватна архива

 

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Засладете си ја душата со чизкејк со слатко од зелени смокви

Слични објави

(Фото) Зуица Лазова во опуштено и спортско издание – одлучи да ги „наполни батериите“ на свеж воздух

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ доби несекојдневен подарок за 30. роденден: „Можеби не изгледам еуфорично, но…“

Еспресо

(Фото) Слаткар растури во Шпанија, цело диско пееше со него

Еспресо

(Видео) Јелена Карлеуша смета дека Владо Георгиев е „ужас“ поради негова изјава во македонско шоу

Еспресо

(ФОТО) Што се појадува во Шведска, Ел Салвадор и Нов Зеланд

Т.Ц.

„На Мелина ѝ купив автомобил од 100.000 евра, а таа мене детски двоглед со мои пари“: Харис Џиновиќ брутално искрен за сè за поранешната сопруга

Еспресо
Се вчитува....