09:04 - 29 ноември, 2026

(Фото) Приватно езеро и ноќевање од над 1.100 евра — Љупка Митрова престојуваше во луксузна вила во Италија:

Македонската инфлуенсерка и сопственичка на модниот бренд „Митроф“, Љупка Митрова, деновиве сподели фотографии од своето патување во Италија, каде престојуваше заедно со сопругот Георги.

Парот избра мирно и романтично катче во Веруно, мало гратче во италијанската провинција Новара, сместено недалеку од Торино. Нивниот престој бил во ексклузивната вила „Ла Фолеја“, луксузен објект опкружен со природа, кој нуди директен излез од терасата кон мало приватно езеро.

Љупка Митрова / Фото: Инстаграм

Вилата, која се простира на околу 180 квадратни метри, важи за едно од попривлечните места за одмор во регионот, а според актуелните цени на платформите за резервации, ноќевање таму чини повеќе од 1.100 евра.

На социјалните мрежи Љупка објави повеќе моменти од патувањето – од релаксирани утра со поглед кон езерото, до романтични вечери и возење со мало чамче низ мирната вода.

Љупка Митрова / Фото: Инстаграм

Следбениците особено ги воодушеви ентериерот на вилата, уреден во минималистички, но топол стил, со големи стаклени површини и поглед кон зеленилото.

Инфлуенсерката и овој пат привлече внимание и со својот моден избор, комбинирајќи елегантни и лежерни комбинации во духот на италијанската пролет.

Слични објави

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.
Се вчитува....