21:34 - 9 ноември, 2026

(Фото) Романтичен јубилеј — Никола Роквиќ ја изненади Бојана со прекрасен подарок за 10 години љубов

Никола Роквиќ се потрудил неговата сопруга Бојана Баровиќ засекогаш да го памети јубилејот од нивната љубов, па ја изненадил со несекојдневен подарок – огромна црна кутија во форма на срце, исполнета со десетици црвени рози.

Романтичниот гест бил дополнет со раскошни сатенски ленти, а празничната трпеза ја красела и домашна торта украсена со јагоди во форма на бројот 10, симболизирајќи една деценија заеднички живот и семејство што го изградиле заедно.

Бојана не го криела воодушевувањето, а фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи предизвикаа бројни реакции и честитки од нивните следбеници.

Фото: Скриншот

Инаку, двојката е позната по тоа што е многу посветена на верата. Во едно интервју, Бојана откри дека Никола во одреден период сериозно размислувал за монашки живот.

„Имаше моменти кога Никола размислуваше за монаштво. Не затоа што сакаше да нè остави, туку затоа што духовниот живот многу го привлекуваше“, раскажала таа.

И самиот Никола Роквиќ потврдил дека тогаш бил целосно посветен на духовноста и дека сопругата дури му дала благослов доколку реши да тргне по тој пат.

„Бојана е голем човек и голем пријател. Таа многу влијаеше врз мојот живот“, изјавил пејачот.

Инаку, Никола и Бојана имаат три деца, а неодамна престојувале и во Тоскана и Умбрија, каде што уживале во романтичен одмор во еден од најлуксузните хотели во Италија.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....