8.8 C
Скопје
09:33 - 20 октомври, 2026

Горан Тонев ја објави песната создадена пред трагедијата со ДНК: „Не можев порано да ја споделам“

Гитаристот Горан Тонев, кој беше меѓу музичарите што настапуваа со групата ДНК во ноќта на трагичниот пожар во март минатата година, повторно се враќа во музичките води со нова авторска песна.

Тонев, кој ја преживеа несреќата и помина низ долг период на лекување и рехабилитација, на своите социјални мрежи ја претстави песната „Да си со мене“, откривајќи дека таа била создадена само неколку дена пред кобниот настан што засекогаш му го променил животот.

По лекувањето во Скопје, младиот музичар беше префрлен во болница во Солун, каде продолжи да се бори со последиците од тешките повреди и изгорениците на дишните патишта. Во повеќе наврати јавно изрази благодарност до медицинскиот тим кој, како што велеше, се грижел за него со голема посветеност и човечност.

Сега, неколку месеци подоцна, Горан повторно собра храброст да ѝ се посвети на музиката.

„Оваа песна остана долго време само за мене. Не бев подготвен да ја пуштам во јавноста, затоа што носи многу емоции и спомени од периодот пред сè да се промени“, напиша тој во емотивната објава.

Со објавувањето на „Да си со мене“, Тонев симболично го најави и своето враќање на сцената.

Музиката е создадена во соработка со Јордан Манов, кој стои и зад аранжманот, текстот го напиша Весна Малинова, а видеото е дело на Стефан Катранџиски.

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....