23.8 C
Скопје
16:33 - 20 октомври, 2026

Синот на Лепа Брена раскина со девојката поради нејзините интимни сцени во серија?

Српската актерка Милица Томашевиќ со години важи за една од најатрактивните дами на јавната сцена, а нејзиниот приватен живот често бил во фокусот на медиумите.

Особено внимание привлече нејзината поранешна врска со Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ.

Иако во јавноста важеа за складен и вљубен пар, нивната романса не траеше долго. По раскинувањето почнаа шпекулации дека причина за несогласувањата биле интимните сцени што Милица ги снимала за актерските проекти, но ниту актерката ниту Виктор никогаш јавно не ги потврдија тие тврдења.

Во едно од ретките интервјуа во кое зборуваше за поранешниот партнер, Милица имаше само пофални зборови за него и за неговото семејство.

„Виктор е прекрасно момче. Има одлично воспитување и прекрасни родители. Боба и Брена се исклучително топли и срдачни луѓе“, изјавила таа тогаш за српските медиуми.

Актерката во повеќе наврати отворено зборувала и за својот тежок пат до успехот. Иако уште од детството знаела дека сака да се занимава со уметност, нејзините родители инсистирале да избере „посигурна“ професија.

Поради тоа, паралелно студирала актерска уметност и економија, а како што самата открила, успеала да биде меѓу најдобрите студенти и на двата факултета.

„Беше напорно да се усогласи сè, но денес ми е драго што ја завршив и економијата. Често и колегите бараат совет од мене“, раскажала актерката.

Слични објави

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо
Се вчитува....