8.8 C
Скопје
16:43 - 27 октомври, 2026

(Видео) Атрактивната Калтрина открива: „Имав комплекс поради…“

Професорката по пијано и солфеж, инфлуенсерка и професионална шминкерка Калтрина Круезиу, која во јавноста е препознатлива по својот впечатлив стил и секогаш беспрекорен изглед, откри дека токму несигурноста околу акните во тинејџерските години ја насочила кон шминкањето.

Во гостување во поткастот „Урок“ на Сергеј Варошлија, Калтрина отворено зборувала за самодовербата, естетските корекции, негативните коментари и личните комплекси.

Таа признала дека во средношколските денови имала проблеми со лицето и тенот, поради што почнала интензивно да учи техники на шминкање.

„Станав шминкерка затоа што имав комплекс поради акните. Се шминкав за да го прикријам тоа што не ми се допаѓаше кај мене“, раскажала таа.

Фото: Инстаграм/Калтрина Круезиу

Објаснила дека преку шминката научила да ги истакнува цртите што ги сакала кај себе, додавајќи дека секој човек има одредени несигурности и дека тоа е сосема нормално.

Во разговорот открила и дека по породувањето направила одредени естетски корекции на делови од телото и лицето со кои не била целосно задоволна, нагласувајќи дека не гледа ништо спорно во тоа човек да промени нешто кај себе ако така се чувствува подобро.

Калтрина признала и дека порано имала страв од стареењето, но дека денес размислува сосема поинаку.

„На 20 години мислев дека 50 се многу. Сега едвај чекам да видам како ќе изгледам и како ќе размислувам на таа возраст“, рекла таа низ смеа.

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо
Се вчитува....