15.8 C
Скопје
02:08 - 8 септември, 2026

(Фото) Принц Хари нема против: Принцезите Беатрис и Евгенија на вечера со поранешната на војводата од Сасекс

Хари се забавуваше со ТВ водителката Натали Пинкам долги години, а се заљуби во неа кога имаше 15 години.

Принцезата Евгенија и нејзината сестра принцезата Беатрис излегоа заедно на вечера во аргентинскиот ресторан Каса Круз во Нотинг Хил, а на оваа забава им се придружи и  водителката на Скај Спортс Натали Пинкам.

Своевремено Натали мораше да ги негира гласините за афера со Хари, кој наводно се забавувал со неа кога веќе ја запознал Меган Маркл.

Натали е блиска и со Зара Тиндал и редовно се фотографира со ќерката на принцезата Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicky Malone PR (@nickymalonepr)

Евгенија изгледаше елегантно и пријатно. За вечера, таа се одлучи за волнено палто Weekend Max Mara над целосно црна модна комбианција, а изгледот го комплетираше со Strathberry Lana Osette.

Инаку, дружбите меѓу водителката и помладите припадници на кралското семејство, односно роднините на принц Хари – нејзиниот наводен поранешен партнер – се чести.

Кога Хари имаше 17 години, таблоидите објавија дека принцот е во „многу блиско пријателство“ со Натали, која тогаш имаше 24 години.

Извори велат дека тој бил „маѓепсан“ од Пинкам и редовно ѝ праќал флертувачки мејлови и СМС пораки.

Сепак, таа негираше дека биле нешто повеќе од „само пријатели“, велејќи: „Ние сме блиски пријатели и се познаваме неколку години. Редовно разговараме на телефон, но тоа е тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Pinkham (@natalie_pinkham)

Меѓутоа, во таблоидите често се појавуваа нивни фотографии од забави,на кои принцот Хари ја гушкаше и бакнуваше Натали.

Врската на принцот Хари и Натали не отиде подалеку од романса, и таа пдооцна се омажи за извршниот директор на Ендемол, Овејн Валбиоф, а парот сега има две деца.

Кога Хари решил да се ожени со Меган Маркл, Натали рече дека поранешната актерка е „добар избор“ за војводата од Сасекс и дека Меган е доволно паметна за да ја скроти „дивата страна“ на Хари.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....