17:01 - 8 ноември, 2026

(Фото) Порно ѕвезда влезе во политика со социјалистичката партија на Италија, ќе се кандидира и за пратеничка

Порно ѕвездата Присила Салерно го исполни својот сон, влегувајќи во политиката со важна улога: шеф на националниот оддел против насилство врз жените и ризиците од сексуални малтретирања на социјалните межи.

Самата таа, „хард дива“ тоа им го соопшти на своите фанови на социјалните мрежи објавувајќи го официјалното писмо за именување кое го доби потпишано од националниот координатор Лусио Барани.

„Благодарам г-дине Барани, благодарам Гаетано Аматруда… Нема да ја разочарам вашата доверба“, се неколкуте зборови на благодарност напишани од Присила која денес попладне, не изненадувачки, присуствува на јавна депата во Виетри сул Маре на тема „Жените, политиката и античките предрасуди“.

Порно ѕвездата, која исто така е претприемачка во овој сектор, најавуваше дека е подготвена да влезе во политиката: во општината на нејзиниот град, Салерно, веќе се зборуваше за нејзината кандидатура, но потоа партијата Форца Италија го спречи тој обид и ја натера да се откаже. „Порното е вокација – рече Присила како гостинка вотелевизиската емисија Зона Бјанка – толку многу ме навредуваа што го сметам тоа за насилство. Сепак, не се ослободија од мене, ќе се кандидирам на следните избори“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....