19.8 C
Скопје
11:00 - 28 септември, 2026

(Фото) По загубата на ќерката, Јулија имаше сила пак да се врати на сцената, овој наш познат пејач ѝ помона

Во мај во 2022 година, на 41-годишна возраст, по две години борба со ракот, почина уметничката Андријана Мациевска, ќерка и единствено дете на пејачката и водителка Јулија Мациевска. Речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познајниоци, низ болка се збогуваа со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ра кот по долго боледување.

„Мојот Ангел одлета,ми се откорна од срцето,од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба,мојата Андријана.

Мојата зеница,мојата светлина,моето добро девојце,мојата Голема уметница….болиииии…болиии…болиии“, напиша со пореголема тага Јулија на својот профил на социјалните мрежи.

Јулија сега е многу посветена на нејзината внука Стефанија, која е инаку актерка, а до самиот свој крај Андријана одеше на претставите на својата ќерка.

Јулија е силна жена и сега пак му се врати на нормалниот живот, а сила ѝ дава нејзината емисија „Будење со Јулија“, но и физичката активност.

По целиот тажен период, Јулија имаше сила пак да застане цврсто на нозе, да ѝ биде поддршка на својата внука и да запее. Новата слика која таа ја објави на Фејсбук е токму од сцена.

„Могила 2025, Фестивал на дуети. Јас и Круме Спасовски во дует. Денес слави Могила“, напиша Јулија до оваа слика каде што е со нашиот популарен фолк пејач, познт по легендарната песна „Чудна жена беше Вера“.  Таа исто така најде сила да организира изложба и промоција на автобиогарфската кнога „Јас сум жива“ за ќерка ѝ.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.
Се вчитува....