19:16 - 27 ноември, 2026

(Фото) Пане мој: Ана Костадиновска направи нешто специјално во чест на Панчо

Со еден мал гест, Ана Костадиновска наппарви големо нешто во чест на Панчо од ДНК. Пејачката и професорка по пеење која беше придружен вокал во бендот, и го преживеа пожаот во Кочани на 16 март, сподели емотивна објава на социјалните мрежи.

Таа облече дуксер со логото на Владимир Блажев- Панчо, кој беше познат и како Диџеј Шорти Пи, и на нејзините профили на социјалните мрежи само кусо напиша: „Пане мој“. Костадиновска на Фејсбук ја смени својата профилна слика, облечена во овој дуксер.

Фото / Инстаграм
Пријателите на Владимир Блажев-Панчо кој почина на 14 октомври направија нешто специјално во негова чест во Скопје. Панчо од ДНК почина по седуммесечна борба во болница, по трагичниот пожар во Кочани.
Фото / Инстаграм
-На 11 декември (четврток), со почеток во 20 часот, во “Три кичен бар“ ќе му оддадеме почит на нашиот другар, брат и ментор, Панчо. Со насмевка ќе се потсетиме на некои од најубавите моменти од изминативе 20 и повеќе години и ќе кажеме збор/два за човекот кој ја создаде нашата екипа и со кого заедно поминавме низ најголемите успеси, подеми и падови.

Ги покануваме сите негови пријатели, роднини, соработници и фанови на дружба исполнета со убави сеќавања и секако музика. Forever P!“, пишуваше претходно објавата на продукцијата.

Ана Костадиновска и многу пријатели биле токму на овој настан во чест на хуиманиот музичар кој помагаше на многу луѓе на кои помошта им беше потребна.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....