19:01 - 27 ноември, 2026

Јована Јеремиќ ја преплавија емоции поради колегата кој почина: „Не дозволи влакно да ми фали од глава“

Водителката Јована Јеремиќ се огласи по повод годишнината од смртта на нејзиниот голем пријател и колега.

Таа истакна дека секогаш тешко го поднесува периодот кога се приближува датумот на неговата смрт, а се потсети и на заедничките моменти што ги поминале. Јована ги оживеа спомените од времето кога на телевизија соработувала со снимателот кој, покрај тоа што бил колега, ѝ бил и искрен пријател.

„Мој Бркиќ, мојот колега, мојот омилен снимател, човекот кој не дозволи да ми фали влакно од глава на претходната телевизија, каде што ја оставив својата младост и 10 години живот… Ја палеше греалката што ја носеше од дома, за да ми бидат топли нозете во шестиот месец од бременоста, во студио што беше како фрижидер, каде што водев емисии од 18 часот навечер до 3 по полноќ“, напиша водителката и додаде:

„Сè поминав, затоа сум како спартанец и не дозволувам никој да ме повреди. Пријателе мој, нека ти е лесна земјата. Секоја година, кога доаѓа годишнината од твојата смрт, ми недостигаш. Ми недостигаш за сè што следеше и за сè што ми предвиде во врска со мојата кариера. Засекогаш ќе те сакам и засекогаш ќе останеш мојот најдобар снимател.“

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....