22:32 - 29 ноември, 2026

(Фото) Овие близнаци не се одвојуваат никаде од Роналдо: Еве колку заработуваат елегантните браќа за да му го чуваат грбот на фудбалерот

Откако Кристијано Роналдо се префрли во Ал Наср, светската јавност не престанува да зборува за овој трансфер.

Славниот Португалец неодамна беше претставен како ново засилување, а на церемонијата на стадионот присуствуваа голем број навивачи.

Тоа беше голем ден за фудбалот во Саудиска Арабија и веројатно ќе остане запаметен како пресвртница за фудбалот во земјата.

Со оглед на големиот интерес, настанот беше максимално обезбеден, поради што во прв план „искочија“ телохранителите на Роналдо, браќата близнаци Серџо и Хорхе Рамалхеиро.

Браќата одамна ѝ се познати на јавноста бидејќи често се фотографирани во друштво на Кристијано и неговата избраничка Џорџина Родригез, а според некои информации месечно заработуваат околу 800 илјади евра.

Серџо и Хорхе ѝ се приклучиле на војската веднаш по завршувањето на училиштето, а завршиле во единицата на специјалните сили наречена „командоси“. Во Португалија работеле и во полиција, каде што биле задолжени да ги чуваат врвните судии и политичарите.

Извор за португалските медиуми изјави: Серџо и Хорхе се облекуваат елегантно и изгледаат многу нормално. Тие се способни да се вмешаат во толпата, но брзо размислуваат, гледаат и дејствуваат во вистински момент“.

Нивната мајка Леонилде се пошегувала во 2004 година во националниот весник „Correio da Manha“:

„Доаѓаат дома на секои две недели само за да си ја исперат облеката“.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....