15:28 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ова го доби Слаткар од Сања за Нова година: Изненадување за саканиот

Сања Николиќ го изненади Слаткаристика со оригинален подарок за Нова година, а тој додека го отвораше ѝ рече: „Фала ти љубави“.

Сопругата на раперот му подари професионален звучник, но и шолја со неговите стихови од песната „Насмевка“ која му ја посвети на нивниот син Моша. Таа песна стана еден од најголемите хитови на Слаткар.

Фото / Фејсбук

Слаткаристика претходно објави и семејна слика со Сања и со синот во домашен амбиент, до елката.

Фото / Фејсбук
Фото/ Фејсбук

Сања Николиќ и Марко Маринковиќ-Слаткар се во брак од 2014 година и го имаат пет и пол годишниот син Моша. Слаткар ја побара Сања за жена во песната „Кажи да“ која е и денес еден од неговите најголеми хитови. Потоа, во Венеција заедно го снимаа спотот за песната „Луда романтика“.

Сања е Мис на Македонија за 2000 година, а нивното запознавање се случи на една „Златна Бубамара на популарноста“ кога Сања го подрави од сцената во Универзалната сала.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....