22.8 C
Скопје
17:55 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) Ова е НАЈСТАРАТА ФОТОГРАФИЈА со ТИТО за која малкумина знаат: Овековен историски момент и најстар спомен на тогашниот Маршал на СФРЈ !

И денес, децении по неговата смрт, се шират разни приказни и гласини за Јосип Броз Тито. Местото на неговото раѓање се менува, се зборува за различни занимања, а може само да се претпостави што правел пред да се појави на историската сцена како партизански водач во Втората светска војна.

Официјално многу малку се знае за активностите на Тито во раната младост. Во неговата биографија пишува дека во 1911 година се вработил во фабриката „Титан“ во Камник. Токму во овој словенечки град е направена фотографија за која денес се верува дека е најстарата фотографија од Јосип Броз Тито.


Станува збор за групна слика на работници фотографирани за време на пауза од Чех по име Џинчик кој исто така работел во фабриката како алатничар.

Неполна година откако работел на ова место, фабриката отишла во стечај, а Јосип Броз останал без работа. На работниците им било препорачано да одат во Чешка и таму да си ја пробаат среќата, а во групата што заминала бил и Тито. Од 1911 до 1913 година работел во фабрики во Австро-Унгарија и Германија.

Историската фотографија првпат е објавена во списанието „Дуга“ во 1975 година и е претставена како најстар спомен на тогашниот Маршал на СФРЈ.

Слични објави

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо
Се вчитува....