09:55 - 9 ноември, 2026

(Фото) Нов вознемирувачки роденденски тренд завладеа во Србија: Торти во форма на главата на славеникот

Секоја година се појавува некој нов тренд, без разлика дали е тоа во музиката, во облекувањето или во славењето родендени и други важни датуми. Покрај кореографијата и фотографиите кои го истакнуваат во прв план славеникот, сега на ред дојдоа тортите – во форма на нивната глава.

Сè почесто на социјалните мрежи можеме да забележиме како славениците на роденден се фалат со својата торта која ја претставува нивната глава, па понекогаш формата поверно се пренесува на чинијата, понекогаш изгледа многу непријатно, како карикатура, но во 3D верзија.

И како што пишуваат во коментарите под објавата на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, каде што е постирана фотографија на една славеничка на роденден, која држи торта во облик на нејзината глава, и гордо ја покажува – „може да биде билочие лице“.

И навистина. Некому тортата наликуваше на Сека Алексиќ, на други на младата пејачка Надица Адемов, а други се сетија дека и Милица Павловиќ добила ист тип на торта по самостојниот концерт во Ниш.

твитер

Другите корисници на Твитер беа поделени во критиките, а нивните коментари се движеа од воодушевување до чудење и згрозување.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....