05:46 - 8 ноември, 2026

(Фото) Најскапиот автомобил во историјата е направен само за Роналдо и Џорџина: Има само еден единствен примерок!

Еден од најпознатите и најбогатите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, е познат по своите извонредни страсти, вклучувајќи ја и онаа кон автомобилите: тој е сопственик на еден од најскапите досега.

Сите го знаат Кристијано Роналдо. Дури и оние кои не се ентузијасти за фудбалот се разбира дека слушнале за него. Познато е и тоа дека тој со сојата гламурозна девојка уживаат во се што е гламурно: дека и двајцата сакаат накит и луксузен живот: на крајот на краиштата, со банкарска сметка како неговата, зошто да не си го дозволат тоа? Додека на Џорџина дијамантите ѝ се најомилениот накит, на Роналдо автомобилите се неговиот омилен накит.

Познато е дека Кристијано Роналдо ја заслужи славата, почитта и богатството создадено во текот на многу години од неговата кариера. По уривањето на сите рекорди и собирањето титули, CR7 стана жива икона.

Од годините во Португалија до оние во Манчестер Јунајтед, минувајќи низ славата со Реал Мадрид, а потоа и во Јувентус, Португалецот, освен што освои неколку Златни топки, собра и други „златни“ скапоцени камења на луксуз и моќ.

Особено во автомобилската област: познато е дека Роналдо има неверојатна колекција од неверојатни, моќни, луксузни, скапи возила. Но, малкумина знаат дека CR7 го купи и најскапиот автомобил на светот.

Најскапиот автомобил што некогаш бил продаден му припаѓа на Кристијано Роналдо: а тоа е Bugatti La Voiture Noire. Новиот играч на Ал Наср, со оглед на големата плата, сигурно може да си го дозволи тоа.

Бугати, моторзум

Имено, кога CR7 го купи, Bugatti La Voiture Noire беше по цена од 12 милиони фунти, што го прави најскапиот нов автомобил. Тоа беше во 2019 година, оттогаш помина некое време, а платата на Кристијано Роналдо секако се зголемени, со оглед на неодамнешниот нов трансфер.

За да го прослави својот 35-ти роденден, Португалецот си дозволи вселенски автомобил кој е направен по мерка само за него! Сепак, денес повеќе не е најскап, откако беше претекнат од Rolls-Royce Boat Tail.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....