16:37 - 8 ноември, 2026

(Фото) На Лила ѝ се исполни желбата, се крштеваше во реката Јордан: „Никогаш посреќна ,никогаш поблиску до бог“

Популарната водителка Лила Стојановска на своите профили на социјалните мрежи објави интересна фотосесија. Имено, таа моментно престојува во Јордан, или попрецизно, „на местото каде што Јован крстител го крштевал Исус“.

– Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба…. Крштевање во светите води на реката Јордан местото каде Јован крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна ,никогаш поблиску до бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов – напиша Лила со објавената серија фотографии.

Лила во Јордан отпатува непосредно по нејзиниот 51 роденден. Престојуваше во главниот град Аман, за кој вели „град за кој допрва ќе ви раскажувам“.

Во очекување на нејзината јорданска приказна, уживаме во фотогалеријата со која ги почести своите обожаватели на социјалните мрежи.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....