21:39 - 8 ноември, 2026

(Фото) Мерил Стрип има нова љубов? Кој маж ја заслужи филмската легенда

И Мерил и Мартин се сингл. Шорт во 2010 година ја погреба 30-годишната сопруга, а Стрип се разведе од сопругот по 45 години брак.

Легендата на Холивуд, Мерил Стрип (74), е во љубовна афера со нејзин колега, ѕвезда на серијата „Убиства во иста зграда“, Мартин Шорт. Откако актерите го привлекоа вниманието појавувајќи се заедно на Златните глобуси, таблоидите бргу се посомневаа дека има нешто повеќе меѓу нив отколку само пријателство, пишува „Пипл“.

Масло на огнот долеа и брачната состојба на Стрип, која се разведе од сопругот Дон Гамер по 45 години брак.

Претставниците на актерите веќе одговорија на информациите во медиумите и побрзаа да уверат дека постои само пријателство помеѓу Мерил и Мартин.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоено“, рече претставникот на Стрип неодамна во изјава за печатот. Последен пат како двојка се појавија во јавност на Оскарите во 2018 година.

Шорт (73) ја загуби сопругата, актерката Ненси Долман, од рак на јајниците во 2010 година. Двојката беше во брак 30 години, а тој врската ја нарече „триумф“.

„Тешко е. Таа почина во 2010 година, но јас сè уште зборувам со неа цело време. Тоа е како „Еј Нан“, знаете? Како би реагирала на некоја одлука, особено за нашите три деца? – изјави актерот. Од овој брак актерот има три деца – ќерката Кетрин (40 години) и синовите Оливер (37) и Хенри (34).

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....