18:19 - 27 ноември, 2026

(Фото) Меган Маркл и Хари имаат нови пријатели од А-листата: Еве со кого се дружат на „висока нога“

Изгледа дека војвотката од Сасекс е обожавателка на Бијонсе, бидејќи минатиот петок беше и на концертот на пејачката со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Меган Маркл (43) е фотографирана на концерт на Бијонсе во Лос Анџелес со актерката Кери Вашингтон и пејачката Кели Роланд.

Поранешната актерка присуствуваше на стадионот SoFi на третиот од трите концерти на Бијонсе во градот како дел од нејзината светска турнеја. Стилизирана во сребрено здолниште и црн топ, сопругата на принцот Хари се опушти и уживаше во концертната атмосфера во ВИП друштво, односно со своите „денешни“ пријателки.

Меѓу другите присутни во ВИП ложата на концертот, друштво на Меган и Хари им правеа и Дијана Рос, Ким Кардашијан, Крис Џенер, Лорен Санчез и Џеф Безос.

Инаку, ова не е прв пат Меган да се дружи со Кери Вашингтон. Дуото претходно беше забележано на забава организирана од списанието „Ел“  во луксузниот ресторан „Ил Буко Алиментари & Винериа“ во Њујорк.

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....