23.8 C
Скопје
14:32 - 29 септември, 2026

(Фото) Лорен Санчез на гала во Њујорк во дизајнерски фустан од 9.000 долари: Сè пука од гламур

Поранешната новинарка Лорен Санчез и нејзиниот вереник, милијардерот Џеф Безос, оставија впечаток на 9 септември на забавата полна со ѕвезди во Њујорк организирана од фондацијата Керинг, пишува Дејли Мејл.

Прекрасната двојка се појави во неверојатно гламурно издание на црвениот тепих за време на модната недела во Њујорк, поточно на хуманитарната гала вечера, која ги поддржува организациите кои се борат за ставање крај на родовото насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

54-годишната поранешна новинарка блесна во секси фустан на Оскар Де Ла Рента со отворени раменици и грб, кој ја истакна нејзината витка фигура. Вечерниот фустан е проценет на 9.000 долари, а украсен е со кадифе и чипка. Лорен го комплетираше својот изглед со црни велур сандали со високи потпетици и златен накит: обетки и прстени со скапоцени камења. Убавицата нанесе сјајна шминка, истакнувајќи ги кафените очи со црн ајлајнер и маскара.

Двојката им се придружи на другите познати личности на гала-вечерта, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Дакота Џонсон, Ешли Греам, Пријанка Чопра и Алесандра Амбросио. Според новинарите, неколку часа пред настанот, љубовниците пристигнале во Њујорк со хеликоптер.

Иако не се знае точно кога се запознале, романсата на Лорен и Џеф првпат стана позната во јануари 2019 година. Се верија во мај 2023 година, милијардерот ја запроси водителката на неговата мегајахта. Заљубените ја споделуваат својата страст за авантура патувајќи низ светот.

Се откри нова тајна за Бора Чорба: Пред да почине голема сума пари префрлил на ова здружение

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....