00:43 - 28 ноември, 2026

(Фото) Лорен Санчез им пркоси на години, какво тело: Со милијардерот Безос „лудуваат“ во Грција

Џеф Безос и Лорен Санчез уживаат во Грција на одмор.

Фотографиите покажуваат како милијардерот, основач на Амазон, и неговата вереница, се возат во јахта со Тони Гонзалез и неговата сопруга, Октобер.

Интересно е што Санчез претходно беше во врска со Гонзалез и имаат заедничко дете кое сега е возрасно.

Групата богаташи, сите облечени ненаметливо, седеаа во предниот дел на јахтата и се забавуваа во разговор, пренесува Дејли меил.

Санчез и Безос уживаа и во водени лудории со црни џет мотори на вода, а според Пејџ сикс на парот во забавните мигови на вода им се придужила и Ким Кардашијан, која е пријателка на Санчез.

Лорен беше забележана во минијатурно металик бикини, па нејзиното мускулесто тело дојде до израз на фотографиите, а потоа вниманието го привлече во тесен и супермини виолетов фустан.

Атрактивната 54-годишна новинарка е позната по тоа што им пркоси на годините и секогаш може да се пофали со затегната фигура.

Безос и Санчез за време на одморот престојуваа во Миконос и Хидра.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....