13.8 C
Скопје
19:36 - 20 октомври, 2026

(Фото) Лана Дел Реј многу здебелена и русокоса: Не личи на себе, особено во бикини!

Американската пејачка Лана Дел Реј настапи на фестивалот Мита во Рио де Жанеиро, појавувајќи се пред фановите со сосема нов имиџ до непрепознатливост.

Лана Дел Реј го одржа својот прв солистички концерт по три години и ги изненади фановите со необична трансформација. 37-годишната пејачка на сцената се појави во класичен црн горен дел, здолниште со копчиња и платинеста перика која ја имитира фризурата на холивудскиот секс симбол Мерилин Монро. Ѕвездата го комплетираше изгледот со розови сандали со пердуви и масивен златен накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAYO (@kayokillz)

Ова не е прв пат Лана Дел Реј да ѝ оддаде почит на Мерлин Монро: во нејзиниот најнов спот за песната Candy Necklace, ѕвездата веќе се обиде да го прикаже ликот на холивудската икона. На крајот од спотот, пејачката, веќе во улога на себе, оди на Булеварот на славните во Холивуд и позира во близина на сопствената персонализирана ѕвезда.

Фановите забележаа дека пејачката има и доста килограми повеќе на себе, најмалку дваесетина плус, па сега е заносна девојка со женствени облини. Некои од нејзините фанови пак, се лути што пејачката претрпела повеќе хируршки интервенции во потрага по разубавување, а сепак – токму „пластиката“ ја огрдела.

По настапот на фестивалот, Лана уживала на плажа во Рио де Жанеиро, каде што е „уловена“ во непрепознатливо издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shopping (@shopping.omg)

Слични објави

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо
Се вчитува....