17:44 - 9 ноември, 2026

Згоден, популарен и 10 години заљубен во една жена – тоа е Рајан Гослинг

Актерот Рајан Гослинг кој е многу популарен поради улогата во филмот „Барби“, а остави впечаток и во „Ла ла ленд“ е семеен човек кој очигледно не сака авантури и влетување во безброј врски.

Тој е заедно со неговата партнерка Ева Мендес и нивните две ќерки Есмералда (8) и Амада (6).

Ева и Рајан својата љубовна врска ја почнаа во 2011 година.

Двете ѕвезди меѓусебно се поддржуваат во кариерата – дури и ако јавно не говорат еден за друг.

„Таа е неговиот број 1 фан и сака кога тој снима големи филмови, како „Барби,“ изјави извор за „Јуес викли“.

„Рајан исто така ја поддржува Ева во сè и, едноставно ја обожава.“

Минатиот месец тие прославија 10 години заедно, а актерката од „Хич“ го одбележа овој повод со стари фотографии од нив двајца од филмот што ги спои.

 

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....