20.8 C
Скопје
20:29 - 29 септември, 2026

(Фото) Ким Кардашијан добро се обрука: Ѝ пукнаа претесните панталони за време на конференција

На сериозна конференција на која присуствуваше, на реалити ѕвездата Ким Кардашијан ѝ пукнаа панталоните.

Хулу, принтскрин

На риалити ѕвездата Ким Кардашијан ѝ пукнаа панталоните додека се подготвуваше да зборува на конференција во Милано. Таа зборуваше за сопствената брука отворено во новата епизода од серијата на платформата Хулу.

42-годишната Кардашијан проговори за немилата случка која ѝ се случила во Италија. За јавната дебата таа носеше микро маичка во облик на прслук, тесни панталони од латекс од марката Гучи, чизми со високи потпетици и долга јакна. Кардашијан истакна дека во текот на целиот настап чувствувала голема непријатност.

„Ми се залепија (панталоните) за задникот. Толку беше во нив болно и жешко. Се задушував во нив а потоа застанав на сцената и го чекав секој здив на ветрот. Горев од срам“, напиша Кардашијан.

Во моментот кога реалити ѕвездата ја напуштила сцената и влегла во соблекувалната, панталоните конечно ѝ пукнале на задникот.

Во 2022 година, Кардашијан присуствуваше на годишната Мет Гала облечена во супертесен фустан на Мерлин Монро. Ова излегување ја чинело многу пари и труд: за да се вклопи во фустанот, изнајмен од музејот Рипли за 5 милиони долари, таа изгубила 7 килограми за три недели. Потоа следуваа куп обвиненија за Ким поради оштетувањето на легендарниот фустан (кој е музејски предмет) – фустанот наводно напукнал на шевовите, а кристалите делумно се откинале. Сепак, претставниците на музејот Рипли, кој ја чува облеката на Мерилин Монро, уверија дека фустанот првично бил во ваква форма.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....