22:23 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Сузана Манчиќ е бремена! Убавицата Теодора очекува бебе со својот сопруг, кој е 23 години постар од неа

Теодора Куниќ, постарата ќерка на познатата водителка Сузана Манчиќ, има посебна причина за славење – таа е бремена.

Само неколку дена откако таа му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, бригадниот генерал Мирослав Талијан, кој е 23 години постар од неа, двојката ја сподели среќната вест дека очекуваат ново бебе.

Теодора и Мирослав организираа интимна свадбена прослава за семејството и блиските пријатели, а сега имаат дополнителна причина за славење – нивната љубов наскоро ќе биде крунисана со доаѓањето на бебе.

– Теодора е во друга состојба, а тие ја закажаа свадбата штом дознаа. Сè уште е прерано јавно да зборуваат за тоа, поради што знаат само најблиските – изјавил извор близок до двојката за Информер.

Генералот веќе има два брака зад себе од кои има пет деца, додека Теодора претходно беше во брак со милионер од Америка, 20 години постар, но се разведе од него.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....