16:39 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ќе ви се „слоши“ од новиот дом на Меси во Мајами: Со автомобил право во лифт

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Аргентинецот Лионел Меси, по истекот на договорот со францускиот Пари Сен Жермен, кариерата ја продолжува на американскиот континент, каде потпиша договор со Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам. .

Како што веста се ширеше со молскавична брзина, популарноста на клубот растеше невидено – помалку од милион луѓе го следеа на социјалните мрежи, а денес има повеќе од седум милиони. Секако поскапеа и влезниците за натпреварите, па ако до неодамна чинеа околу триесетина долари, сега кај препродавачите чинат најмалку десет пати повеќе.

Меси веќе најде место каде ќе си направи „гнездо“ со сопругата Антонела и трите деца Тијаго, Матео и Сира, а тоа е луксузен стан на два ката во елегантната кула Порше Дизајн на плажата Сончев остров во Мајами.

Под името на брендот на истоимениот германски производител на автомобили, зградата може да се пофали со три лифтови за автомобили кои им овозможуваат на жителите да ги паркираат своите возила во стаклена површина на истиот кат каде што се наоѓа нивниот стан опремен, се разбира, со најсовремени апарати и најмодерна технологија.

Овој софистициран станбен облакодер е суштината на луксузното живеење, има 132 станбени единици од 250 до 500 квадратни метри со балкони и поглед на океанот, приватен ресторан, приватно кино, огромен базен, најсовремен спа и фитнес центар, соба за забава, терен за голф, салони за нега и убавина, барови…

Меси за својот стан во оваа луксузна зграда платил „безначајни“ 7,1 милиони долари, а со оглед на тоа дека во Мајами ќе добива неверојатни 50 милиони долари по сезона, како што се шпекулира, станчево е ситница.

„Да ми беа важни парите ќе одев во Саудиска Арабија, тоа беше баш многу пари, но мојата одлука е донесена поради семејството, а не поради пари“, рече скромниот Меси по потпишувањето на договорот со Мајами кој му го осигура статусот на најплатен фудбалер во светот.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....