16.8 C
Скопје
13:38 - 18 октомври, 2026

Убавата Ава Карабатиќ заврши на психијатрија со позната дијагноза: „Кога ќе престане причината, ќе престане и последицата“

Старлетата Ава Карабатиќ веќе подолго време има проблеми со алкохолот, поради што се повлече од јавноста, ја нема ниту на социјалните мрежи, а како што е наведено во хрватските медиуми, поради зависност од алкохол се наоѓа во психијатриска болница во Хрватска.

-Ава има сериозен проблем, тоа трае многу долго, веќе неколку години. Претходно се лекуваше, но тоа не помогна, бидејќи по излегувањето од болница многу брзо продолжи по старо. Нејзините се многу загрижени бидејќи е во лоша форма. Пред да ја сместат на клиника, таа постојано пиела алкохол, понекогаш со денови знаела дека не е трезна. Многу ослабе, единственото нешто што сè уште потсетува на старата Ава е нејзиното лице – вели соговорник за српски „Курир“ и додава дека сите се во шок:

– Не можеше да поднесе алкохол, особено жестоки пијалоци. Понекогаш можеше да се напие чаша вино, само за да наздрави. На сите им беше многу симпатично кога Ава навечер ќе излезеше во клуб и ќе нарачаше вода и кафе, бидејќи ништо друго не пиеше. За жал, додека живеела во Белград, се пропила. Во тоа време веќе имаше 30 години, беше зрела и никој не очекуваше дека така ќе се лизне во порок. Кога се вратила во Сплит, продолжила да пие се повеќе и повеќе. Отпрвин тоа можеше да се толерира, но потоа почна да прави испади дури и во јавност, поради што беше упатена на лекување и првпат беше хоспитализирана.

Своевремено на една од фотографиите кои нејзините фанови сега повторно ги прегледуваат, посстирана на Инстаграм, Ава напиша „Кога ќе престане причината, ќе престане и последицата“, па прашањето е која навистина била причината за да заглави во алкохолот.

Да потсетиме, Ава беше во слична ситуација кон крајот на минатата година, но потоа беше принудена да оди на лекување. На почетокот на 2022 година предизвикала инцидент кога го нарушила јавниот ред и мир на скалила на зграда во Сплит, а била под дејство на алкохол. Потоа викала пред полицијата, по што била уапсена и два дена поминала во полициска станица.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....