02:32 - 10 ноември, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша шета торба од телешка кожа, а се декларира како заштитничка на животни и веганка: Бундите останаа неспалени

Пејачката со години истакнува дека не консумира храна од животинско потекло и не носи облека и обувки од вистинска кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Сепак, веганката на журката организирана ос списанието „Стори“ се појави со чанта Баленсијага од 3.400 евра, која е – како што е нагласено на официјалниот сајт на модната марка – дизајнирана од вистинска телешка кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Но ова не е првпат српската турбофолк ѕвезда едно да зборува а друго да прави. Да потсетиме само дека минатото лето настапи во Лесковац на „Роштиљијада“, иако со недели беше критикувана поради таа одлука. Тогаш рече дека им пее на луѓето, а не на скарата.

Пред неколку години остро ги критикуваше луѓето кои конзумираат месо и билокоја друга храна од животинско потекло.

„Зашто луѓето пијат млеко од крава, а не човечко“, прашуваше пејачката во 2018 година.

Година претходно на Титер напиша дека веќе не јаде месо и дека не носи крзно. „Ќе ги запалам бундите. Јавно“, истакна.

Но очигледно таа фаза ѝ поминала, а како што до сега забележавме ни бундите не се спалени.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....