09:01 - 8 ноември, 2026

(Фото) Идила во Њујорк: Вака водителот Дамјан славеше со саканата

Во вистинска празнична бајка уживаат водителот Дамјан Дренковски и неговата сопруга Александра во Њујорк. Интересни слики од магичниот Њујорк објави таа на нејзиниот инстаграм-профил.

Фото / Инстаграм

Дамјан Дренковски беше еден од нашите најпознати водители, а публиката го памети иако долги време не се занимава со оваа професија. Со септември, Дренковски се ожени во Америка со својата сакана Александра Огненовска, а за убавите вести на социјалните мрежи се пофали Лила Филиповска, негова блиска другарка.

Слики од свадбата сподели и невестата. Таа била облечена во шик краток фустан, а на забавата виле нивните најблиски пријатели од Америка. Александра на Инстаграм знае да се пошегува со разликата во висината.

„Сонот на една ниска девојка: да го најде својот висок дечко и заедно да освојуваат сè – дури и горната полица во кујната!

Од крадење бакнежи на прсти до чувство дека се на врвот на светот, вистинска комбинација! Кому му треба скаличка кога имаш висок дечко за да ги достигнеш ѕвездите и ниска девојка што ќе го излуди од љубов?“, напиша сопругата на Дамјан.

-Нашата љубовна приказна почна на Ромскиот бал во Скопје. Да, да. Колку и да звучи неверојатно, ние се запознавме лани на Ромскиот бал. Таа беше дојдена со нејзиниот другар, познатиот фризер Зоки Давитков, а јас со моите повеќедецениски другари Лила и Спасе. Седевме на иста маса и ромската магија си го направи своето.

Регистрацијата и свадбата ја направивме кон крајот на септември и беше во нашиот преубав двор. Идејата за украсување беше на Александра, а јас како зависник од осветлување и светилки, се погрижив тоа да изгледа магично откако се стемни. Моите родители, за жал, не беа присутни, но напролет тие ќе го водат орото на главната свадбена прослава во Скопје- изјави Дамјан Дренковски во разговор за „Слободен печат“.

Фото / Инстаграм

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....