03:28 - 29 ноември, 2026

(Фото) Хари и Меган пристигнаа во Њујорк во очекување на премиерата на документарниот филм: Со приватен авион, во друштво на пријатели

Три дена пред објавувањето на документарецот на Нетфликс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнаа во Њујорк, пишува Page Six.

Папараците ја „уловиле“ двојката на патеката за приватен авион кој слетал во Њујорк. Тие им се насмевнале на папараците и биле во друштво на пријатели.

За летот, војводата од Сасекс се одлучи за бела кошула со копчиња и црни панталони, додека неговата сопруга носеше целосно црн изглед, со предимензионирани очила за сонце. По излегувањето од аеродромот, парот се качил во црн џип и се упатиле кон градот.

Принцот Хари и Меган Маркл го објавија вториот трејлер за нивната документарна серија, чија премиера ќе биде прикажана на Нетфликс на 8 декември. Во него, синот на кралот Чарлс III го нарекува животот во кралското семејство „валкана игра“.

„Постои хиерархија во ова семејството, знаете, протекуваат информации, се местат ситуации. Тоа е валкана игра“, вели принцот Хари во најавата нагласувајќи дека вистината ја знаат само тој и Меган за нивните сопствени животи во кралското семејство.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....