5.8 C
Скопје
08:26 - 18 февруари, 2026

(Фото) Голема промена во изгледот на Џокси, пејачот не забележал што му се случило

Нема кој не ја знае легендарната „На Велигден“ која ја испеа Џина Папас- Џокси, еден од најсимпатичните ликови на македонската естрада. Џокси е инаку горд татко на својата ќерка Евгенија која живее во Јапонија, и летово со сопругата беа кај неа на гости, а ќерката ги прошета на многу интересни места.

„Наша сакана ќерко ! Мислам дека ги делиме истите чувства со оние родители чии деца се заминати од своите огништа. Не знам од каде да почнам, затоа што зборовите не можат целосно да ја опишат љубовта што ја чувствуваме кон тебе. Секој ден со тебе е дар, а твоето присуство во нашиот живот е најголемото богатство што можеме да го поседуваме.
Деновиве со мајка ти сме на седмо небо, и ти го чувствуваш тоа, ја приметуваш промената во нас, ведри, насмеани … неочекувано за тебе затоа што имаше страв дали ќе ни се допадне твојот избор на работа, животот, храната, но ти си се снашла баш онака како што си замислила.
Тоа е она во што сакавме да се увериме и тоа по 8 долги години. Е сега сме малку помирни и спокојни.
Џокси со сопругата и со ќерката во Јапонија Фото/Фејсбук
Ти созреваше, а ние не можевме да гледаме како се развиваш, како стануваш свој човек. Далеку. Многу далеку. А толку си силна, самостојна и преполна со љубов во твојата растечка моќ да бидеш своја. Секоја твоја победа ни дава радост, а секоја твоја болка ни е како да ја чувствуваме во себе“, напиша Џокси на крајот од јуни, пред да се врати во Македонија.

Џокси гордо ги носи своите години (67), а на Фејсбук објави слика од него за која рече дека му се случила промена што не ја ни забележал. Нашиот пејач сега има помалку коса, и тоа го објасни на многу симпатичен начин.

„Со горештините оди кратка коса, за лесно одржување, нели, но дури сега приметив промени. Добро утро, добар ден мој народе од Македонија“, напиша Џокси.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо
Се вчитува....