23.2 C
Скопје
20:14 - 6 јуни, 2026

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ ги истакна бујните гради во фустан од 8 евра: „Убавице!“

Сопругата на хрватскиот актер и водител Тари Филиповиќ, манекенката и поранешна мис Лејла Филиповиќ, ова лето ги воодушевува своите обожаватели на социјалните мрежи. Имено, Лејла воодушевува со своите модни избори, а овој пат повторно покажа како да се избере убаво парче облека за малку пари.

На фотографијата направена во нејзиниот роден Дубровник, Лејла позира облечена во бел фустан.

Миди фустанот на популарниот шпански бренд има округло деколте и тенки прерамки, а она што најмногу привлекува внимание е ефектниот изрез на предната страна. Горниот дел од фустанот ја следи линијата на телото, додека долниот дел се шири во здолниште со заоблен раб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)


На сето тоа да додадеме и дека целосната цена на фустанот е 25,95 евра, а на намалување можете да го најдете веќе за 8 евра.

Лејла го искомбинирала фустанот со беж сандали со ременчиња кои имаат декоративен цвет на предната страна. Изданието го надополнила со бела чанта од брендот „Polene“. Станува збор за модел по име „Béri“, кој е украсен со брановиден кожен релјеф.

Лејла доби бројни комплименти за својата комбинација.

„Убавице!“, ѝ напишаа, меѓу другото, воодушевените обожаватели.

Инаку, Лејла воодушевува со своите летни изданија, а неодамна покажа уште еден фустан кој е многу прифатлив. Поранешната мис неодамна се огласи на своите социјални мрежи и сподели фотографија направена на прекрасниот Страдун, а покрај најубавиот град, вниманието го привлече и романтичниот фустан на Лејла. Станува збор за плетен фустан со набори и ажур, чиј горен дел е украсен со лелеави карнери. Фустанот со боја на путер (која, инаку е тренди боја на ова лето), има рамно деколте и тенки прерамки и е идеална за летните вечери. Тоа е дел од понудата на популарниот шпански бренд и во моментот е намалена на 15,99 евра.

 

 

Слични објави

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.

(Видео) Тања Савиќ покисна на дождот, но покажа што значи да се биде професионалец

Т.Ц.

Аца Лукас итно хоспитализиран: Побарал лекарска помош поради висок крвен притисок

Еспресо
Се вчитува....