21:25 - 27 ноември, 2026

(Фото) Гламурна свадба на ќерката на кралицата Ранија на Јордан, венчаница од Диор: Неверојатни фотографии од венчавката

Најстарата ќерка на јорданскиот крал Абдула Втори и кралицата Ранија, 26-годишната принцеза Иман се омажи за венецуелскиот бизнисмен Џими Термиотис. Невестата излезе во јавноста во бел фустан од Диор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Свадбата беше емитувана во живо на Јордан ТВ Њуз. Да потсетиме дека принцезата на Јордан го кажа своето „да“ на 5 јули.

На свадбата присуствуваа членови на кралското семејство, пријатели и високи претставници од политичкиот и јавен живот. Интересно е што нејзиниот постар брат, престолонаследникот Хусеин бин Абдула, ја придружуваше принцезата низ градините на палатата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Венецуелецот Џамил Александар Термиотис стана сопруг на принцезата Иман. Тој е инвестициски менаџер и работи како управен партнер на фонд за ризичен капитал во Њујорк.

На церемонијата на невестата, по потпишувањето на брачниот документ, беше прочитан Куранот.

На страницата на Инстаграм, кралицата Ранија и честиташе на својата ќерка за бракот и сподели фотографија од венчавката.

„Имам, се молам оваа наредна фаза од твојот живот да ти донесе исто толку радост, љубов и смеа колку што ни донесуваше низ годините. Честитки за невестата и младоженецот!“ – напиша таа.

Пред гостите невестата се појави во бел фустан со тантела и манжетни на ракавите од Диор. На главата носеше скапоцена дијадема, а имаше и долг превез.

За оваа прилика и кралицата Ранија избра плисиран фустан од колекцијата есен-зима 2022 на Диор, а помладата сестра на Иман, 22-годишната Салма, избра фуксија фустан со ремен од Ендрју ЏН.

Инаку, принцезата Иман се школувала на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, но по студиите се вратила во Јордан. Таа редовно посетува свечени настани со нејзините родители и лета низ светот појавувајќи се на јавни настапи уште од детството.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....