15.8 C
Скопје
20:24 - 19 октомври, 2026

(Фото) Франческо Тоти е минато: Еве која е новата љубов на Илари Блази

Пет месеци по официјалното збогување со Франческо Тоти време е за нова љубов во животот на Илари Блази.

Италијанската водителка е фотографирана на аеродромот во Цирих и пред „The ​​Dolder Grand“, ексклузивен хотел во швајцарскиот град, со мистериозен маж, за кој во моментов многу малку се знае. Блиску еден до друг, двајцата не ја криеле својата љубов, јасно покажувајќи нешто се менува во животот на Бласи.

Според првите гласини, објавени од италијанското списание „Ки“, станува збор за германски претприемач, со кој римската водителка го поминала минатиот викенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑪𝒉𝒊 (@chimagazineit)

Мажот се вика Бастијан и живее во Франкфурт, додека неговото презиме се уште е непознато.

Дека дошло време Илари да продолжи понатаму со љубовниот живот, нема ништо лошо во тоа. Бракот со Тоти официјално заврши во јули 2022 година, кога најомилената двојка во Рим најави разделба за која се шпекулираше со месеци.

Дваесет години заедно, три деца, Кристијан, Шанел и Изабел, и многу неочекувани пресврти на крајот, поради наводни меѓусебни неверства(„ кој прв изневерил кого?“ сè уште прашуваат фановите) до приказната, сега веќе и потврдена, дека Франческо Тоти е во врска со Ноеми Боки, со која веќе планираат нов живот.

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....