17.2 C
Скопје
18:18 - 19 октомври, 2026

(Фото) Екс сопругот на Бритни Спирс носи перика за да се скрие од папараците: „Помогнете ми!“

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Сем Асгари побарал помош при изборот на маска со цел да се сокрие од папараците.

Сем Асгари ги замоли фановите на социјалните мрежи да му помогнат да избере маска за да може да шета нормално на улица без да го следат папараци, по веста за разводот со Бритни Спирс.

29-годишниот фитнес тренер објави три селфи фтографии носејќи различни перики.

„Помогнете ми да изберам маска за папараците“, напиша тој, мислејќи на претплатниците.

принтскрин инстаграм

На првата фотографија Асгари носи перика со мустаќи и има бела крената коса. Второто селфи го покажува во перика со кафена виткана коса и темни авијатичарски очила за сонце. На третата фотографија пак, Асгари позира во перика со шишки.

На 16 август се дозна дека Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари една година по венчавката. Според новинарите, една недела претходно, Асгари имал голема пресметка со сопругата поради гласините за нејзиното неверство. После тоа, тој се иселил од нивната заедничка куќа и поднел барање за развод. Медиумите објавија дека Спирс го пријавила нејзиниот сопруг за семејно насилство.

На 19 август, Бритни Спирс стапи во контакт со претплатниците на социјалните мрежи и им призна дека сега и е тешко да изразува емоции, бидејќи „секогаш морала да ги крие своите слабости“.

„Како што сите знаат, Сем и јас повеќе не сме заедно. 6 години се огромно време за врска, па затоа сум малку шокирана. Но, не сум тука да објаснувам зошто нешто се случило. Да бидам искрена, тоа не е ничија работа! Сепак, повеќе не можам да ја поднесам оваа болка. На некој телепатски начин добивам многу пораки кои ми го топат срцето. Ви благодарам!” напиша Спирс.

 

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....