12:56 - 8 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез ја покажа својата фигура во костим со длабоко деколте: „Ова сум јас… сега“

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез на својот 55-ти роденден на милионите фанови им покажа дека е во одлична форма. Поп дивата на своите профили на социјалните мрежи објави селфи на кое изгледа прекрасно како се огледува во огледало, позирајќи во бел едноделен костим за капење со длабоко деколте.

Се чини дека костимот за капење е истиот едноделен костим „Gooseberry Intimates“ што го носеше Лопез за време на нејзиниот неодамнешен одмор во Италија.

Со оглед на тоа што и амбиентот каде што е направена фотографијата исто така се совпаѓа со оној од фотографиите од нејзиниот одмор, веројатно ѕвездата ја направила фотографијата во одреден момент за време на нејзиното патување во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Изгледот го комплетираше со златни алки, масивни обетки и златен прстен на показалецот од десната рака. Нејзината коса е уредена во опавче, а таа носи дискретна шминка на лицето што ја потенцира нејзината природна убавина.

„Ова сум јас… сега“, напиша таа на објавата, која брзо собра повеќе од половина милион лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Потсетуваме, Лопез го прослави неодамна својот 55-ти роденден во стил инспириан од Бриџертон – телевизиска серија создадена од Крис Ван Дусен, која стана хит на Нетфликс, а сместена во старо англиско време. Бен Афлек не беше на забавата.

(Видео) Џенифер Лопез го слави својот 55-ти роденден: Забава со кочии и коњи, од Афлек ни трага ни глас

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....