13:36 - 8 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Гарнер на „лице место“ облече еден бездомник: Папараците го снимија настанот

Холивудската актерка и поранешна сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, е фотографирана како у помага на бездомник.

Според Пејџ сикс, фотографите ја снимиле Џенифер Гарнер на паркинг на плажата Санта Моника кога го отворила прозорецот од автомобилот и почнала да комуницира со бездомникот кој бил во инвалидска количка. Актерката потоа излегла од автомобилот и му подала најлонска кеса во која имало неопходни работи за него.

Во одреден момент Гарнер забележала дека мажот е бос, седнала пред него и почнала да ги става нејзините чорапи на неговите нозе. Актерката потоа ги соблекла сопствените патики и се обидела да ги облече на мажот, но тие биле премали за него.

Тогаш ѕвездата им пришла на папараците кои ја снимале и ги замолила да ѝ ги продадат чевлите што ги носат.

„Као број на чевли носиш? Може ли да да ги купам твоите чевли? Му требаат чевли“, прашала таа еден од папараците.

Фотографот ја прашал кој број чевли му требаат на човекот, на што Гарнер одговорила: „10 и пол“.

„Ох, јас носам број 11! Сакаш да му ги дадам? И не треба да ми плаќаш ништо“, рекол фотографот.

Додека Џенифер Гарнер му ги ставала црните патики на стапалата на бездомникот, еден од фотографите донел ќебе од својот автомобил и му го дал на човекот.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....