21.8 C
Скопје
13:09 - 29 септември, 2026

(Фото) Дева Касел во суперсекси издание снима спот за Долче и Габана: Неверојатно личи на мајка ѝ Моника Белучи

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, 18-годишната убавица Дева Касел, влезе во објективите на фотографите во Рим во понеделникот на 29 мај, кога глумеше во реклама за модната куќа Долче и Габана, пренесува Daily Mail.

Манекенката, а наскоро и глумица (ќе игра во популарна серија на Нетфликс), позираше во црн мини фустан од тантела, кожени сандали со логото на брендот и црна чантичка во рацете на познатата римска фонтана Треви.

Дева Касел соработува со Долче&Габана веќе неколку години откако потпиша договор со брендот во 2019 година, глумејќи во реклама за еден од парфемите на брендот. Нејзината мајка пак, глумицата Моника Белучи е исто така долгогодишна соработничка на популарниот италијански бренд и дел од бројни нивни кампањи.

Во септември 2022 година, Дева прошета по пистата на ревијата на брендот за време на модната недела во Милано и го покажа истиот фустан од тантела што го носеше на снимањето во Рим.

Во февруари 2023 година, 18-годишната ќерка на актерите повторно се појави меѓу моделите на ревијата на Долче и Габана – овој пат таа излезе во црн проѕирен фустан од тул.

Конечно, во април 2023 година, Дева Касел глуми во реклама за нов мирис од Долче и Габана – Долче Виолет.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....