17:22 - 8 ноември, 2026

„Бело Копче“ tribute “Bijelo Dugme бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип

На 3-ти јуни (сабота) сите што ќе дојдат на настапот на најпознатиот македонски трибјут бенд ќе имаат можност да потонат во носталгијата на времето и да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните „Бијело Дугме“!

„Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во прекрасниот Aqua Bella Resort во Штип и ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови. „Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме.

Чујте ги класиките како “Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац”, “На задњем седишту мога аута”, “Селма”, “Липе цвату” “Ѓурѓевдан” и многу други“ – порачуваат од бендот кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува… За нивното „лице да звучи познато“ на сцената. Исклучителна прилика да го славите наследството на еден од најголемите бендови во историјата на балканската музика и убавите времиња. Резервирајте си билет веднаш и осигурајте си место на ова неверојатно музичко доживување.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....