18.8 C
Скопје
02:51 - 9 септември, 2026

(Фото) Ивона Јо се расплака на промоцијата на новата песна: Сите партнери ми биле манипулативни

За песната „Буквално“ рече дека е нејзина автобиографска, и дека е прва песна од нејзиниот нов живот. Пејачката Ивона Јо, го промовираше својот нов потенцијален хит на српски јазик пред бројни пријатели, колеги, медиуми и семејството.

Моќниот глас на Ивона доминира во оваа песна која а автобиографска, а во спотот, пет жени ги глумат нејзините најизразени чувства изминатиов период: тага, среќа, бес, самокритичност и его. Ивона се расплака додека го гледаше спотот, а потоа, на водителот на промоцијата и на сите присутни им рече дека ова е нејзина приказна и таа како личност не сака биде ништо поразична од она што е сега.

Во време кога врсничкиот булинг е една од најактуелните и најболни теми на нашето општество, Ивона во кусиот разговор за „Еспресо“ рече дека и таа самата била жртва.

-Цел живот сум била жртва на булинг, и можам да кажам дека плодот кога ќе се избориш со сето тоа е многу сладок, но сите што го доживуваат истото, треба да се борат и да бидат истрајни. Никако, никако откажување. Без разлика на децата кои вршат булинг, сите, и тие деца имаат проблеми, и најдобро е во тој случај да се пристапи со љубов. Љубовта е одговор на сѐ “ ни изјави Ивона. На нашето прашање, дали таа сега е среќна во љубовта, Ивона одговори:

– Па, среќна сум. Среќна и исполнета“, ни кажа пејачката.

Во спотот се појавува машки лик за кој Ивона рече дека е манипулативниот партнер, а ова искуство, таа самата го има доживеано.

-Целата песна ми е автобиографска. Сите партнети ми биле манипулативни, и тие не се дел од мојот живот моментално, но секој од нив ме има научено на нешто и им благодарам. За секој кој има влезено во мојот живот, јас сум му благодарна, затоа што има направено да сум јас- јас, а јас сум овој проект буквално“, ни раскажа Ивона и додаде дека едвај ги чека реакциите на српската публика по промоцијата на песната и на тамошниот пазар.

Сценариото на спотот го направи самата Ивона (со поддршка од Тамара Волческа и Мартин Трајановски. Песната е снимена во Белград. Музиката и аранжманот се дело на српскиот продуцент и пејач Немања Антониќ, додека за текстот е заслужен Иван Вукајловиќ.

Антониќ ѝ се обрати на публиката на видео бим, и ѝ порача на Ивона да се опушти и да ја негива своја добра душа, гласот, креативноста и талентот. Во видео записот како актери се појавуваат Тамара Волческа, Цеце Николова и три девојки од Србија – Ирена Јовановиќ, Ана Илиќ и малата Јана Зариќ која беше најмалата гостинка на промоцијата. „Буквално, горда сум на тебе мамо“, е пораката која е напишана на елечето на миленикот на Ивона.

Фото: „Еспресо“

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....